Утрински Весник
Македонија

Демири: Разрешувањата на медицинските директори на Кардиохирургија и на Токсикологија се поради пропусти во нивната работа

Ministerstvo Za Zdravstvo Tabla.jpg

Министерот за здравство Илир Демири во однос на ставот на Државната комисија за спречување корупција за разрешувањата на медицинските директори на Клиниката за државна кардиохирургија и на Клиниката за токсикологија информира дека тие разрешувања биле поради пропусти во нивната работа.

– Поранешниот медицински директор на Клиниката за кардиохорургија е разрешен од позицијата медицински директор поради прекршување на законските нормативни, во Република Северна Македонија оперирале лекари од Србија кои немале соодветна лиценца и ред други прекршоци. Сите податоци со кои располагаме ги пријавивме во Јавното обвинителство за да го истражи овој случај. Претходниот медицински директор од Клиниката за токсикологија и еден од лекарите беа разрешени поради несовесно работење во целиот изминат период. Клиниката имала согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица, но не постапил. Неколку месеци овие лица оделе на работа, а не земале плата за својот труд. Ангажираните трпеле закани и омаловажувања на национална основа за што истите доставија писмо со изјави за секојдневните навредувања од страна на директорот и од лекарот. И за овој случај чекаме јавното обвинителство да постапи. Би сакал да ја информирам Државната комисија за спречување корупција дека обврска на министер е безбедноста на пациентите и безбедноста на сите вработени во јавното здравство, рекол Демири, се наведува во денешното соопштение од Министерството за здравство.

Можете да прочитате

Левица: Мицкоски поседува часовници од 65 илјади евра – професорска плата или припадност на олигархијата?

До петок нестабилно време со дожд и грмежи, за викендот стабилно и топло

Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо