Утрински Весник
Македонија

Демири: Потпишан двогодишниот договор за соработка со СЗО, продолжуваме со заложбите за унапредување на здравствениот систем

20240404114458 Big 730x400 56.webp.webp

Министерот за здравство, д-р Илир Демири, заедно со д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа  го потпишаа двогодишниот договор за соработка меѓу Министерството за здравство и Светската здравствена организација за периодот 2024 – 2025 година.

Министерот Демири потенцираше дека СЗО е постојан партнер на Министерството во заложбите за унапредување на капацитетите на нашиот здравствен систем.

-Показател за нашата континуирана и успешна соработка се бројните проекти реализирани со поддршка на СЗО во јавните здравствени установи низ државата. Во оваа прилика би сакал да изразам искрена благодарност до регионалниот директор на СЗО, д-р Ханс Клуге, за континуираната поддршка во насока на зајакнување на здравствениот систем во Северна Македонија, како и за постојаната поддршка од канцеларијата на СЗО во Скопје во спроведување бројни активности, рече Демири.

Во своето излагање, министерот посочи дека Северна Македонија е земја со аспирации кон Европската унија, и токму затоа се стремиме кон исполнување на сите обврски коишто произлегуваат од процесот на пристап кон ЕУ, како и исполнувањето на глобалните и регионални обврски, посебно на целите за одржлив развој на Обединетите нации, европската програма на СЗО за здравје 2021 – 2025 и патоказот за Западен Балкан.

Во своето излагање, регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге, честитајќи му на министерот за одличната соработка досега, изрази решеност за за продолжување на соработката и во иднина.

„Презедовме низа активности за да ги зајакнеме управувачките функции на Министерството за здравство. Многу сум горд на тие активности, бидејќи се од заеднички интерес. Ви се заблагодарувам за поддршката при успешното спроведување на здравствените политики на одржлив начин, Северна Македонија е пример за целиот регион на Западен Балкан.“

Министерот Демири истакна: „Во изминатиот месец откако сум назначен на позицијата министер за здравство, еден од моите главни приоритети е токму одржувањето континуитет во спроведувањето на овие активности“.

Потпишувајќи го двогодишниот договор за соработка, министерот Демири и регионалниот директор Клуге, се заблагодарија за успешната работа и на колегите од СЗО во Скопје, предводени од д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!