Утрински Весник
Скопје

Демант на ЈП Комунална Хигиена на изјава на градоначалникот Горан Герасимовски

86 Mk.png

ЈП Комунална хигиена-Скопје ја демантира изјавата на градоначалникот на општината Центар, каде што се наведени невистинити информации поврзани со активностите на Претпријатието во оваа скопска општина за време на изминатиов викенд.

Би сакале да напоменеме дека на територијата на општината Центар, ЈП Комунална хигиена Скопје секојдневно го собира и транспортира комуналниот отпад без никаков застој, според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје. Оваа динамика беше запазена и во текот на викендов на територијата на целата општина Центар, вклучително и на локацијата околу градинката „13 Ноември“ во населбата Дебар Маало, за којашто градоначалникот Герасимовски тврди дека ја исчистиле неговите општински служби.


Од друга страна, секое одлагање отпад надвор од контејнерите претставува кршење на Законот за јавна чистота и подлежи на санкции.

Би сакале да го потсетиме Герасимовски и дека улиците зад ООУ „Песталоци“ се општински улици што исто така спаѓаат во надлежност токму на општина Центар, така што навистина сме зачудени зошто градоначалникот во својата изјава нагласува дека викендов на оваа локација реализирал отстранување на дива депонија, кога тоа е дел од неговите обврски и надлежности.

ЈП Комунална хигиена Скопје во текот на 2024 година отстрани вкупно 22 194 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје, од коишто значителен процент на непрописно одложен отпад е подигнат токму на територијата на општината Центар.

Го советуваме градоначалникот да се зафати со санкционирање на прекршителите на Законот за јавна чистота и на тој начин да придонесе за одржувањето на хигиената во сопствената општина.

ЈП Комунална хигиена Скопје

Можете да прочитате

Аеродром, Сарај и Чаир денеска без струја

Се реконструираат неколку учици во Миладиновци, општина Илинден

Герасимовски: Комунална хигиена и викендов одмараше, Центар го собра ѓубрето во Дебар Маало кај Круг