Утрински Весник
Скопје

Делови од скопските општини Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир ќе останат без струја

F8be14b9 Resize 820x0x100.jpg

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од скопските општини Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Во периодот од 11 до 13 часот, струја ќе немаат корисниците од булеварот „Партизански одреди“ број 93 влез 4 во општина Карпош. Дел од улицата „Дарвинска“ во населбата Драчево, општина Кисела Вода, ќе нема струја од девет до 14 часот. Во општина Чаир, струја ќе немаат од 8.30 до 13 часот – улицата „Славеј Планина“, дел од „Прохор Пчински“ кон џамијата, дел од „Пластичарска“, објектите околу „Мармарис“, „Топанска“ и објектите околу Теќето. Од девет до 15 часот – дел од корисниците на улицата „103“, од кружен тек Волково кон црквата во општина Ѓорче Петров.

Можете да прочитате

Без вода утре неколку улици во близина на Макпетрол во Кисела Вода

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие Луна парк за деца и возрасни, верувам дека во јуни 2027 ќе сечеме лента

Герасимовски: 42. Маџирмаалски средби – традиција што го чува духот на Маџир Маало