Утрински Весник
Економија

Деловен форум „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“

20251110155024 big 730x400 69.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“ е темата на деловниот форум што ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Северна Македонија.

Настанот има за цел да поттикне деловна размена, инвестиции и развој на нови партнерства меѓу швајцарските и македонските компании, преку размена на искуства, идеи и визии за иднината на двете економии.


Воведни обраќања ќе имаат Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија и Оливер Бертшингер, претседател и извршен директор на Стопанската комора на Швајцарија и Средна Европа – СЕЦ.

Во рамките на форумот ќе се дискутира за пазарните изгледи и можности за влез на швајцарскиот пазар, правните аспекти и трговските спогодби меѓу двете држави, како и за потенцијалот за нови инвестиции, технолошка соработка и извозни иницијативи.

Како што се наведува во најавата за настанот, на панел-дискусијата за потенцијалот за бизнис, трговија и инвестиции меѓу Северна Македонија и Швајцарија ќе учествуваат д-р Андреј Вчковски, основач и поранешен главен извршен директор на Netcetera и член на Одборот на директори на Switzerland Global Enterprise, Димитар Цветковски, претседател на Одборот на директори на Макстил АД и Дуферко СА, Игор Тодорчевски, генерален директор на Alkaloidpharm Corp. (Швајцарија) и Даниел Матракоски, експерт за меѓународна соработка во СКСМ.

Настанот е заеднички организиран од Стопанската комора на Северна Македонија и Стопанската комора на Швајцарија и Средна Европа (СЕЦ), со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Скопје. 

Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна