
Регионалниот центар за управување со кризи информира дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (вторник) дел од жителите на населбата Волково ќе останат без напојување со електрична енергија.
Прекинот е најавен за корисниците на улицата „95“ во Волково.
Според планот на надлежните, електрична енергија ќе нема во периодот од 09:00 до 14:00 часот. Интервенциите се вршат со цел подобрување на квалитетот на мрежата во овој дел од општината.

