Утрински Весник
Македонија

Дел од приватните превозници и денеска сообраќаа само во претпладневните часови

Privatnite Prevoznici 1.webp.webp

Дел од приватните превозници и денеска ги паркираа своите автобуси.

Возачите се жалат дека од јануари немаат земено пари и предупредуваат дека ќе возат редуцирано се додека не ги потрошат последните количини нафта.

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, под чија ингеренција е ЈСП ги демантира обвинувањата.

Вели дека градот не им должи пари и предупредуваат дека доколку целосно прекинат да сообраќаат ќе добијат соодветни тужби.

Возачите пак остануваат на ставот дека постои долг од над два милиони евра и вечерва ќе имаат состанок на кој ќе одлучат какви ќе бидат нивните идни чекори.

Дел од граѓаните пак велат на некои релации имало приватен превоз.

Постојат три фирми на приватни превозници, „Јофи бус“, „Вестор транс“ и „Радост компани“.

Според нашите информации два од нив возат редуцирано, а третиот сообраќа во текот на целиот ден.

Можете да прочитате

Јаневска за манипулациите со оценки на УГД: Секогаш ќе има поединци што го злоупотребуваат системот, важно е дека се откриени

Девојката веќе еднаш се спасила бегајќи преку прозорец – момчето и се заканувало со смрт, а минувачи повикале полиција

Над 20.000 евра „заработиле“ две лица кои менувале оценки на УГД Штип, ОЈО бара притвор