Утрински Весник
Свет

Дел од јавноста изрази загриженост за здравјето на Трамп

Tramp.webp.webp

Дел од јавноста изрази загриженост за здравјето на Доналд Трамп.

Сè се случи за време на настанот посветен на Месецот на историјата на жените во Белата куќа, кој го организираше со сопругата Меланија Трамп, кога неговата меморија „го издаде“ и ја замени својата поранешна советничка Келиан Конвеј со сегашната портпаролка Каролина Ливит.


Во својот говор, Трамп ѝ се заблагодари на Конвеј, пофалувајќи го начинот на кој се справува со медиумите: „И секако Келиан Конвеј, дали некој некогаш слушнал за неа? Таа е фантастична, се бори. Еден мој пријател рече: „Ја знаете таа Келиан, се восхитувам на начинот на кој влегува и им вика на сите овие луѓе“, осврнувајќи се на медиумите. Ти благодарам Келиан“, објавува „Мирор“.

Гледачите имаа прашалници над главите поради збунетоста на Трамп. Многумина ги споделија своите реакции на социјалните мрежи, а еден корисник напиша: „Ја помеша Каролина Ливит со Келиан Конвеј? Дали добро го слушнав тоа?“

Тој не беше единствениот што го забележа. Друг корисник додаде: „За што зборува? Дали зборува за Ливит? О, боже мој…“

Трет корисник се запраша зошто медиумите не го третираат неговиот „очигледен когнитивен проблем“ со половина од вниманието што му го посветија на неговиот претходник, Џо Бајден.

„Трамп не е добро“, гласеше друг коментар.

Гафот дојде откако Трамп беше забележан со рана, или краста, на вратот претходно овој месец на церемонијата за доделување на Медалот на честа во Белата куќа.

Лекарот од Белата куќа, Шон Барбабела, појасни: „Претседателот Трамп користи крем на десната страна од вратот, што е превентивен третман за кожа препишан од неговиот лекар. Тој го користи третманот веќе една недела, а се очекува црвенилото да се смири за неколку недели.“

Белата куќа постојано ги негираше извештаите за влошувањето на здравјето на претседателот, откако честите модринки на неговите дланки предизвикаа јавна револт.

Можете да прочитате

Мерц сака руските војници да имаат забрана за влез во ЕУ

Азизи: Украина е легитимна цел за Иран

Метеоролозите предупредија на масовни поплави, суши и бури