Утрински Весник
Свет

Децата кои 40 дена преживеаја во џунгла при пад на авион се пуштени дома

Децата кои 40 дена преживеаја во џунгла при пад на авион се пуштени дома

Четирите деца кои преживеаја авионска несреќа во регионот на Амазон и повеќе од пет недели беа во џунгла се пуштени од болница по 34-дневен престој.

dobivaj vesti na viber

Децата ја преживеаја несреќата на 1 мај во која загинаа нивната мајка и уште двајца возрасни, а беа пронајдени минатиот месец.

Тие беа спасени благодарение на храброста на најстарата сестра и напорите на службите за пребарување.

Браќата и сестрите ќе останат под старателство на Институтот поради „сложена семејна ситуација“, рече Астрид Касерес, директорка на државниот институт за заштита на децата, а конечните договори за нивното старателство ќе се решаваат за шест месеци.

Можете да прочитате

Речиси две третини од Полјаците се против испраќањето војници во Украина

Во Англија се урна хеликоптер

Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и четворица новинари