
Процесот, за изградба на клучката кај Момин Поток е деблокиран и работите продолжуваат со засилена динамика, соопштува Град Скопје. По повеќемесечен застој, повторно се работи на една од најстратегиските сообраќајни точки во главниот град – локација каде се вкрстуваат неколку клучни градски правци и која треба значително да го растовари метежот во овој дел од Скопје.
Процесот за изградба на клучката кај Момин Поток е деблокиран и работите продолжуваат со засилена динамика, соопштува Град Скопје. По повеќемесечен застој, повторно се работи на една од најстратегиските сообраќајни точки во главниот град – локација каде се вкрстуваат неколку клучни градски правци и која треба значително да го растовари метежот во овој дел од Скопје.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека градежните активности продолжуваат со забрзано темпо на сите делови од проектот. Во тек е изградба на атмосферска канализација Ф1200 на булевар „Никола Карев“ во должина од 550 метри, на потегот од мостот на Серава до булевар „Словенија“. Паралелно се гради и новиот мост на Серава, кој ќе премостува три коловозни ленти во една насока и четири во друга, со вкупна ширина од 44 метри.
Во напредна подготовка е и натпатникот на булевар „8 Септември“, долг 43,5 метри, што ќе го премости булевар „Никола Карев“ и ќе ја поврзе кружната крстосница со турбо кружниот тек – клучна алка во комплетното сообраќајно решение.
Според Градот, досегашното темпо било забавено поради густ сообраќај, сложена работа на терен и нерешени имотно-правни односи, но тие пречки се надминати и проектот конечно се движи со посакуваната динамика.
„Наскоро, овој сообраќаен јазол ќе донесе значително олеснување за илјадници граѓани – побрз проток, помал метеж и модерен приод кон Скопје. Градот чекори напред. Заедно, Скопје ќе го направиме повторно горд град“, порачаа од Град Скопје.

