Утрински Весник
Свет

Дебата во Брисел поради зголемениот број мигранти, Италија ги зголемува своите воени сили

Дебата во Брисел поради зголемениот број мигранти, Италија ги зголемува своите воени сили
Dik 300x250 mk

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија денеска во Брисел ќе разговараат за зголемениот број мигранти со кои се соочуваат дел од членките на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

Министрите за внатрешни работи првенствено ќе се фокусираат на надворешниот аспект на миграцијата, но и ќе се обидат да најдат решение за поефикасно запирање на новите мигрантски бранови.

Најавено е дека посебно внимание ќе се посвети на планот на Европската комисија за решавање на притисокот што моментално го чувствува Италија. Но, ќе се зборува и за други миграциски рути, а еден од нив поминува и на територијата на Хрватска.

Со оглед на зголемениот мигрантски притисок, италијанската влада одобри зголемување на бројот на војници на улиците на нејзината земја, што треба да придонесе за исполнување на задачата таму, а тоа е добро познатата операција „Безбедни улици“ која има за цел да го потисне и целосно да го намали криминалот на улиците.

Италијанската армија најмногу ќе биде стационирана на железничките станици каде има зголемен број на мигранти и каде е забележан пораст на криминалот.

Можете да прочитате

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари

Најмалку седум загинати при уривање на карго-авион на „ЈупиЕс“ во Кентаки

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк