Утрински Весник
Магазин

Дејвид Бекам го тужи Марк Волберг: Му должи 8,5 милиони фунти

2258815.jpeg

Во 2020 година, спортската легенда стана глобален амбасадор на популарниот бренд на холивудскиот актер, но неисполнетите услови на договорот го принудија Бекам да го тужи Волберг

Пријателствата во светот на познатите често резултираат со деловни соработки, но деловните соработки често ги уништуваат пријателствата. Токму тоа му се случи на Дејвид Бекам кој реши да го тужи својот пријател Марк Волберг за неисполнети деловни зделки.

Бекам и Волберг станаа пријатели откако фудбалерот и неговото семејство се преселиле во Лос Анџелес во 2007 година кога го потпишал договорот со фудбалскиот клуб ЛА Галакси, а во 2020 година станал глобален амбасадор на австралискиот бренд Ф45 кој го промовираше со сопствен персонализиран опсег на тренинзи.

Бекам сега ги тужи актерот и неговите деловни соработници поради пад на вредносста на акциите кои му биле ветени.

Бекам тврди дека во договорот му било ветено дека акциите во компанијата ќе бидат распределени на почетокот на 2022 година, но тоа се случило во средината на годината, кога цената на акцијата паднала од  12 долари на само 3 долари.

Како што пишува Дејли Меилl, Бекам минатата година веќе барал отштета од дури 18,85 милиони долари, а сега бара компензација директно од Марк Волберг и основачите на брендот F45, Адам Гилкрист и Роб Дојч. Бекам тврди дека овој бизнис ја оштетил фудбалската легенда за цели осум милиони фунти и сега тоа го бара на суд.

Заедно со Бекам, Волберг беше тужен и од легендата на голфот Грег Норман.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста