Утрински Весник
Спорт

Де Јонг замина на свадба во Лондон

Де Јонг замина на свадба во Лондон

Френки де Јонг и Мемфис Депај се на пат кон Лондон. Каталонските медиуми го „уловија“ Де Јонг на аеродромот во Барселона. Холанѓанецот поделил неколку автограми, но одбил да одговара на новинарски прашања.

dobivaj vesti na viber

Медиумите цело лето го селат Де Јонг од Барселона. Клубот сака да го продаде бидејќи во овој момент тој има најголема плата во тимот. Неговата бруто плата на годишно нив изнесува речиси 30.000.000 евра.

Барселона се договори со Манчестер јунајтед, меѓутоа Де Јонг одби да се пресели на „Олд Трафорд“. Потоа во игра влезе Челси, но и тогаш тој кажа дека нема намера да ја напушти Барселона.

Тоа што летна за Лондон ги разгоре шпекулациите дека е можен негов трансфер во Челси. сепак причината е поинаква, тој заминал на свадба кај поранешниот доиграч од Ајакс, Дони ван де Бек.

За очекување е дека Де Јонг ќе се врати во Барселона, што не може да се каже за Депај чии трансфер во Манчестер јунајтед е пред реализација.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина