Утрински Весник
Спорт

Дејна Вајт го навреди легендарниот борец: Тој е навистина глупав

Дејна Вајт го навреди легендарниот борец: Тој е навистина глупав

Шефот на УФЦ, Дејна Вајт, остро ги критикуваше поранешните шампиони на најпознатата борбена организација Тито Ортиз (48) и Ренди Кутур (60). Откако станаа ѕвезди во УФЦ и двајцата бараа повисоки плати и често беа во судир со првите луѓе на организацијата.

dobivaj vesti na viber

На прашањето дали има борци против кои навива, Вајт во разговор за Бигбој ТВ одговори: „Тито Ортиз… Јас како промотер не треба да навивам за никого. Но, едвај чекав Чак Лидел да го искрши. Во клучните моменти од развојот на спортот и УФЦ, Ортиз и Кутур беа луѓето кои се обидоа да го уништат УФЦ. Тие двајца се најлошите луѓе со кои сум имал работа“.

Ортиз и Кутур влегоа во историјата на УФЦ и покрај финансиските несогласувања со Вајт. И двајцата денеска немаат никаков контакт со организацијата.

„Тито е многу глуп, тоа е проблемот. Воопшто не е паметен. Тој е многу, многу глупав. Слушајте го кога зборува јавно. Веќе не сме во кавга. Тито знаеш дека си многу глуп, ти знаеш што си“, продолжи Вајт.

„Бевме блиску до борба која требаше да се одржи во сабота. Преговаравме со месеци, а Ортиз рече: „Не доаѓам доколку не ми платите уште 150.000 долари. Редовно го правеше тоа, а јас бев луд. Мислеше дека е паметен, но всушност беше спротивното. Уништи потенцијално одлична врска меѓу нас бидејќи во тоа време го сакавме. Тој беше наш, мој. Уништи се за пари “, рече Вајт.

Ортиз во кариерата имаше 34 натпревари на кои оствари 21 победа, 12 порази и едно реми. Тој беше шампион во полутешка категорија од 2000 до 2003 година и беше една од првите ѕвезди на УФЦ.

Кутур е трикратен поранешен шампион и се борел во рекордни 16 борби за титулата. Тој славеше против легендите како Лидел, Ортиз и Витор Белфорт. Тој е единствениот борец кој ја носеше титулата шампион во петтата деценија од животот. Кариерата ја заврши на 48 години со биланс од 19 победи и 11 порази.

Двајцата се примени во Куќата на славните на УФЦ.

Можете да прочитате

Италија го обрани Дејвис купот, Синер влезе во историјата на тенисот

Димитријевиќ сам играше против Литванија, постигна 43 поени во поразот на Македонија

Ливерпул на „мускули“ победи кај последно пласираниот Саутемптон