Утрински Весник
Свет

Дејли мејл: Шеесет годишен маж сексуално вознемирувал малолетник на скапо крстарење

Дејли мејл: Шеесет годишен маж сексуално вознемирувал малолетник на скапо крстарење

Британски ученик бил сексуално нападнат додека си играл во базен на луксузно крстарење по Медитеранот, пренесуваат светските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Полицијата започнала истрага откако 15-годишно момче тврдело дека било нападнато од маж на 60-годишна возраст на бродот „Seven Seas Explorer“.

Момчето уживало на семеен одмор и си играло во базенот на бродот со својата роднина кога се случил инцидентот, пишува Дејли мејл.

Крузерот со десет палуби бил закотвен на брегот на Дикили во јужна Турција во моментот на наводниот сексуален напад.

Преплашениот тинејџер, кој не може да се именува од правни причини, тврдел дека мажот го прегрнал и го допирал интимно додека го прашувал колку години има.

Тој скокнал од базенот и ја известил мајка си за тоа што се случило пред да биде повикано обезбедувањето.

Се вели дека патникот, за кој се верува дека не е Британец, бил затворен во неговата кабина по нападот. Мажот потоа бил одведен во локалната полициска станица кога бродот се закотвил во Истанбул, додека тинејџерот исто така поднел официјална жалба.

Според сознанијата до кои дошле агенциите 15-годишникот бил прегледан од локален лекар. Неговата мајка изјавила дека тој останал трауматизиран по инцидентот на 10-дневното крстарење од 20.000 фунти.

„Толку сум шокирана, а мојот син се уште е крајно вознемирен поради тоа што се случи“, рекла мајката.

Можете да прочитате

Моди нема да прави компромис со интересите на земјоделците поради царините на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер скала го погоди Тајван

Путин прифати средба со Трамп