Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Де Хеа ја одбил понудата за нов договор

Де Хеа ја одбил понудата за нов договор
300x250 opst2

Давид Де Хеа веројатно ќе го напушти Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Шпанецот на „Олд Трафорд“ пристигна во 2011 година од Атлетико Мадрид. Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот од оваа сезона, а доколку не го продолжи, ќе замине како слободен играч.

dobivaj vesti na viber

Раководството на Манчестер јунајтед на почетокот на оваа сезона не планираше да му понуди нов договор на Давид Де Хеа, но голманот импресионираше со своите игри оваа сезона и Ерик Тен Хаг се уште го сака во тимот.

Де Хеа добил понуда за нов договор, која експресно ја одбил. Планот на Манчестер јунајтед е да го заджи Де Хеа за значително помала плата. Со неделна плата од 425.000 евра, голманот е еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.

Иако Де Хеа ја одби првата понуда за продолжување на договорот, според шпанскиот „Мундо Депортиво“. во клубот веруваат дека можат да го убеди голманот да потпише нов договор.

Доколку Де Хеа сепак реши да замине, клубот веќе има замена за него. „Фихајес“, тврди дека менаџерот Тен Хаг сака да го види на голот на Јунајтед, сонародникот на Де хеа од Брентфорд, Давид Раја.

Де Хеа е еден од најдобрите играчи на Јунајтед оваа сезона. На 18 од 42 натпревари во сите натпреварувања сезонава тој не прими гол.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица