Утрински Весник
Македонија

Давкова во првите 10 месеци ма само две официјални посети, Пендаровски имаше десеттина за истиот период

Sredbi.jpg

Навршуваат 10 месеци откако Гордана Силјановска Давкова ја презеде функцијата претседател на Република Македонија.

Таа денес е во официјална посета на Азербејџан каде што ќе оствари официјална средба со нејзиниот азербејџански колега Илхам Алијев.


За речиси 10 месеци откако Давкова е на чело на државата, ова е нејзина само втора официјална посета на друга држава.

Првиот пат Давкова беше во посета на Црна Гора каде имаше средба со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.

Тоа се случи кон крајот на ноември месец, односно шест месеци откако таа стапи на функцијата.

Се уште не се знае дали таа не е никаде поканета или пак така одлучил нејзиниот кабинет, но за 10 месеци мандат, Давкова нема ниту една официјална посета на некоја европска претстолнина како Париз, Берлин, Рим, Мадрид, Лондон,.

Таа главно е фокусирана на прием на новоназначени амбасадори и претставници на одредени групи граѓани.

Како беше претходно?

За разлика од сегашната неактивност на претседателката, претходниот претседател Стево Пендаровски беше доста поактивен на меѓународен план.

Пендаровски во првите 10 месеци од неговиот мандат (во 2019 година) имаше неколку официјални посети и средби со важни државници.

Уште во првиот месец од мандатот Пендаровски беше во посета на Брисел, во ЕУ и НАТО, а потоа и на Германија и Словенија.

Во периодот од првите10 месеци Пендаровски ги посети и имаше средби со претседателите на Австрија, Италија, Франција, Полска, Србија, Израел…

За разлика од Пендаровски кај кого меѓународниот фактор гледаше партнер, очигледно дека Давкова не е баш посакуван партнер за западните пријателски земји, па оттаму и нејзините две единствени посети се на Подгорица и Баку.

Можете да прочитате

Почнуваат активностите за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“

Светски ден на бубрегот, хроничната бубрежна болест тивка пандемија на 21 век

Облачно и топло, попладне врнежи од дожд