Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Давкова: Верувам во посветеноста и одговорноста на Хрватска и Словенија кон регионот и очекувам исчекор кон ЕУ

Foto 2 6.jpeg
300x250 opst2

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони”, којашто се одржа во Драч, Република Албанија.

Укажувајќи на неодржливоста на предолгото чекање на Западен Балкан пред портите на Брисел, заради насушната потреба од проширување на ЕУ со сите европски држави во функција на зајакнување на нејзината улога, како и заради зголемување на отпорноста на трети влијанија, Сиљановска-Давкова истакна дека е цинизам и хипокризија да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Унија.


Претседателката потенцираше дека годинава, за разлика од лани, Декларацијата е усвоена со консензус на лидерите на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони”.

За неа, соработката е неопходна заради решавање на заедничките проблеми, како: егзодусот на младите, опасноста од стагнирање на економијата и надминување на безбедносните предизвици.„Верувам во добрата волја, верувам во добрите намери, верувам во посветеноста на Хрватска и Словенија на процесот и нивната посебна одговорност кон регионот и неговото забрзано чекорење кон ЕУ”, заклучи претседателката Сиљановска-Давкова.

Иницијатори на „Процесот Брдо-Бриони” се Република Хрватска и Република Словенија. Во процесот, покрај нас, вклучени се и: Република Црна Гора, Република Србија, Република Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.

Претседателите на овие земји се состануваат најмалку еднаш годишно. Следниот состанок ќе се одржи во Република Хрватска.

Можете да прочитате

Во пиперки од Македонија откриена опасна супстанца

17годишно момче тешко повредено откако паднало од мотор

Чупеска: Станавме заложници на внатрешно-политички игри и надворешни влијанија од авторитарни сојузи