Утрински Весник
Македонија

Давкова ставила вето на Законот со кој се предидуваа двојазични лиценци во градинките

Davkova 2.webp.webp

Претседателката Гордана Силјановска Давкова не го потпишала Указот за стапување на сила на Законот за заштита на децата.

За овој потег Давкова го информирала и Собранието и претседателот Африм Гаши.


Дека Давкова ставила вето на Законот за заштита на децата потврдија и од СДСМ, од каде повикаа власта целосно да се откаже од измените на Законот, кои според нив не се уставни и се донесени спротивно на собранискиот Деловник.

„Го поздравуваме непотпишувањето на Указот од страна на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова со што се отвораа оваа можност и бараме власта да се повлече од намерите поради спорните одредби кои ги содржи.Членот 9 и Членот 10 од Предлог Законот за измена којшто го предложи Владата значи воведување двојазични лиценци од областа на детската заштита. Спорно е што овој сегмент е регулиран со друг закон кој ја уредува употребата на јазиците, но и Уставот на државата.

Освен што се спорни одредбите во овој Закон, спорна е и целата процедура којашто насила се туркаше во македонското собрание. Предлог Законот од матичната Комисија за социјална политика, млади и демографија власта го префрли за расправа и дискусија во Комисијата за енергетика. Претседателот на Собранието го прекрши Деловникот само за да ја заобиколи надлежната Комисија за социјална политика, којашто е блокирана поради неприфаќање на Законот за посебните права на бранителите“ велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Внимавајте: Лажни пораки ги измамуваат граѓаните

Бадниковата паричка кај синот на Мицкоски 

Вечерва почувствуван земјотрес во Скопје