Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Давкова се обрати на Свечената академија по повод 80 години настава на современ македонски јазик во СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито” – Битола

Foto 4 1.jpg
300x250 opst2

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената академија што, по повод 80 години настава на современ македонски јазик во СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито” – Битола, се одржа во Центарот за култура – Битола.

За претседателката на 6 февруари 1945 година, во прекрасното архитектонско здание на брегот на Драгор, што преживеало многу војни и окупации, почна да се пишува автентичната македонска историја и да се живее оригиналната образовна приказна, за првпат на литературен македонски јазик и од Македонци. Ја пишуваа професори и ученици предавајќи и учејќи, размислувајќи и творејќи.

,,Горната” гимназија набрзо прерасна во посакуван и сакан дом на многу генерации ученици, подоцна познати професори, научници, уметници, спортисти, политичари.

Претседателката им изрази на домаќините топла благодарност за доделената плакета за особен придонес во развојот на македонскиот јазик, упатувајќи ја пораката: ,,Мораме да си го сакаме, негуваме и чуваме македонскиот јазик, оти така ќе си го чуваме нашиот заеднички дом – Македонија”.

Во битолската гимназија ,,Јосип Броз Тито” таа препознава расадник на знаење, бедем на македонската култура и верен чувар на македонскиот јазик.

Можете да прочитате

Родители на загинатите во пожарот во „Пулс“ се соочија со поранешниот градоначалник Ратко Димитровски

До 15:30 часот гласале 5 385 болни или немоќни лица и 810 лица во затворите

Жена од САД добила на суд, „адвокат“ и бил Чат ГПТ