Утрински Весник
Македонија

Давкова ги додели признанијата „Македонски квалитет” за 2024 година

Foto 1 6.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во својство на покровителка денеска ги додели признанијата „Македонски квалитет” за 2024 година на традиционалната манифестација во организација на Сојузот на стопанските комори на Македонија. Десет македонски компании добија признание за особени успеси и достигнувања во развојот на економијата, дома и во странство.

Годинава признанието го добија: Македонски семeјни винарии и Македонски дестилерии, Премиум Сејфти Солушн, Мај Принт, СЕРАФИМОВ ГРУП, Ларес увоз-извоз ДООЕЛ Кавадарци, Капитал ACEET Менаџмент, Елена Лука Груп, Балетско студио – Ребис, Глобал Нет и Сектор Филм.


Претседателката им изрази посебна благодарност за докажаната способност не само да се справуваат со проблемите и кризите, туку и да напредуваат со воведување нови технологии.

Таа искажа потреба од поддршка и охрабрување од страна на државата во градењето македонски квалитет, препознатлив и ценет во светот. Исто така, претседателката ја поздрави и охрабри улогата на Сојузот на стопанските комори во развојот на малите и средни претпријатија.

На крајот, таа им порача: „Продолжете да го движите македонското стопанство, борете се за највисоки стандарди и квалитет, но никогаш не заборавајте ја етиката, грижата за вработените и корпоративната одговорност. Силната и компетитивна економија е претпоставка за функционална држава, како и за развој на културата, уметноста, образованието, науката и спортот, таа е гаранција за општествениот просперитет. Во вас препознавам носители и промотори на македонската економска дипломатија и промотори на автентичниот македонски квалитет”.

Можете да прочитате

Чупеска: Голема е веројатноста дека бегството на Груби е помогнато од ДПМНЕ

Грант од ЕБОР за изградба на фотонапонски централи во Битола 1 и Осломеј 2

Од утре времен режим на сообраќај на делницата Фариш – Прилеп