Утрински Весник
Свет

Даунинг стрит: Трамп погреши што ја омаловажи улогата на војниците во Авганистан

13664850.jpg

Американскиот претседател, Доналд Трамп, погреши што ја омаловажи улогата на војниците и важноста на жртвите на силите на НАТО во Авганистан, објави денес Даунинг стрит.

„Во Авганистан, 457 британски војници загинаа, а многу беа ранети. Многумина претрпеа повреди што им го променија животот, нивните жртви и жртвите на другите беа во служба на безбедноста и како одговор на нападот врз сојузник“, додаде портпаролот, пренесе Скај њуз.

Тој рече дека Стармер е многу горд на војниците и жртвите.

Даунинг стрит одби да каже дали британскиот премиер ќе побара извинување од Трамп или дали двајцата функционери ќе разговараат за ова прашање.

Даунинг стрит ја нагласи важноста на посебниот однос меѓу Велика Британија и САД, кој беше опишан како „еден од најблиските меѓу двете земји во областа на безбедноста, одбраната и трговијата“.

Портпаролот додаде дека овој однос опстојува со децении и низ значајни конфликти.

Можете да прочитате

Шикорски: Полска нема да им даде на САД бази за напади врз Иран, ниту ќе испрати војници

Фидан: Турција нема да дозволи планови за поттикнување граѓанска војна во Иран

ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран