Утрински Весник
Македонија

Даштевски: Гласањето помина мирно – 24info.mk

Aleksandar Dastevski.jpg
Dik 300x250 mk

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски вечерва соопшти дека денешниот изборен ден со кој почна првиот круг од претседателските избори, поминал мирно. Гласаа болните и изнемоштените, затворениците во казнено-поправните домови и лицата во притвор, во старските домови и македонските државјани во странство. -Се отворија сите избирачки места. Имаше малку потешкотии во некои планински средини, бидејќи никој не очекуваше дека денеска ќе биде временски лош ден, со прилично ниски температури, врнежливо, а на планинските места и со снег. Но се отворија сите места и сите овие категории што требаше денеска да гласат гласаа, истакна Даштевски на Сител. Даштевски информира дека до 17 часот гласале вкупно 6.953 немоќни и болни лица. Потенцира дека во казнено-поправните установи гласале 2.147 лица и 534 лица сместени во посебни центри за вон семејна грижа. Посочи дека правото на глас го оствариле и две раселени лица. Даштевски информира дека до 17 часот излезноста на македонските државјани во дијаспората е повеќе од 50 отсто.

Можете да прочитате

Филипче се жали на изборни притисоци, потврди дека СДСМ има само 6 градоначалници

Час и половина по гласањето, само СДСМ не се огласија за изборниот ден

СДСМ победи во Центар, Македонска Каменица и Зрновци