Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

ДАРУВАЊЕТО КРВ ЗНАЧИ ЖИВОТ -КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА ВО КАРПОШ

Dscf2529.jpg
300x250 opst2

По повод Денови на Општина Карпош, денеска, во соработка со Државниот завод за трансфузиологија и Црвениот крст-Општинска организација Карпош, се одвива голема крводарителна акција во новата општинска зграда во Карпош 3.

Локалната самоуправа, во организација на Секторот за локален економски развој, традиционално ја спроведува оваа хумана акција која ќе трае до 17 часот попладне.


Досега, до 12 часот беа регистрирани околу 45 дарители на крв, меѓу кои и вработените лица од општинската администрација на Карпош, како и повеќе искусни дарители на најдрагоцената течност, кои дарувале крв, повеќе од 100 пати.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој повеќе од 15 пати ја покажал својата хуманост на дело, апелираше до сите здравствено добри граѓани, да даруваат крв, бидејќи оваа хумана течност значи живот.

-Ова е 45-та по ред крводарителна акција која два пати годишно традиционално ја организира Општина Карпош. Во изминатите два часа имаме веќе околу 43 крвни единици, донирано за граѓаните на коишто им и те како потребна оваа течност. Ние го имаме соборено рекордот во Македонија , тоа значи дека за еден ден се собраа 630 единици – истакна првиот човек на Општината.

Статистиките велат дека Општина Карпош се уште го држи рекордот во најголем број собрани крвни единици, меѓу сите општини во државата. Во таа насока, Јакимовски уште еднаш ги повика сите граѓани кои се во добра здравствена состојба и се подготвени да ја покажат својата хуманост, да учествуваат и во денешната крводарителна акција.

Можете да прочитате

Шукова: Ѓорче ќе добие БРТ систем, зелен кеј и подобра инфраструктура, крај на маргинализацијата на општината

Лабудовиќ: Герасимовски бега од соочување и одговорност

Ацевски: Ѓорче е уништено од бетонизација, време е да ставиме крај