Утрински Весник
Спорт

Дарко, Дарко, Дарко…Промовиран филмот „Патот на Кобра до ѕвездите“ (Фото)

Дарко, Дарко, Дарко…Промовиран филмот „Патот на Кобра до ѕвездите“ (Фото)

Блескавата кариера на легендарниот македонски фудбалер Дарко Панчев, голгетер на Вардар, Црвена Звезда, Интер, е заокружена со документарен филм насловен „Патот на Кобра до ѕвездите“, а вечерва ја имаше својата премиера во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Еден од најдобрите напаѓачи во поранешна Југославија, кој своевремно беше и „Златна копачка на Европа“, а ја освои и европската клупска круна со Црвена Звезда, доби пригодни подароци, најновите дресови на фудбалската репрезентација на Македонија и на Црвена Звезда, од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, и од Бошко Ѓуровски.

На свечената церемонија се присутни и Драган Стојковиќ Пикси, Дејан Савичевиќ, Стеван Стојановиќ, Слободан Маровиќ…, претставници на генерацијата на Црвена Звезда која ја освои европската титула, како и Кочо Димитровски, Васил Рингов, Илија Најдоски, и многу други вардарци и прославени имиња од фудбалскиот и културниот живот во Македонија и во поширокиот регион.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина