Утрински Весник
Магазин

Данската државна пошта згаснува – луѓето сè помалку испраќаат писма

20251223141507 big 730x400 59.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од 31 декември, данско-шведската поштенска компанија „Постнорд“, како што објави, веќе нема да врши достава на писма во Данска. Компанијата се одлучи на овој чекор поради замирањето на писмата – последниве 25 години, бројот на рачно напишани пораки испратени преку поштенските услуги е намален за повеќе од 90 отсто, се наведува.

Според историските податоци, како што објавуваат данските медиуми, првите писма во ова подрачје биле испратени со поштенски вагони уште во 1624 година. Точно 400 години подоцна, поштата изумира, бидејќи следните десетина дена, повеќе од 1.500 поштенски сандачиња на јавни места низ цела Данска – ќе бидат отстранети, но тоа во блиска иднина ќе значи и околу 1.500 луѓе кои ќе го изгубат работното место во државната поштата на земјата.

– Ние сме данска пошта 400 години, па ова е тешка одлука, но Данска е сè повеќе дигитална, што значи дека сега речиси и да нема писма испратени по пошта. Со оглед на падот на побарувачката, пазарот на писма повеќе не е профитабилен, објасни Ким Петерсен, заменик-извршен директор на „Постнорд“ за Данска.

„Постнорд“ како компанија е создадена 2009 година со спојување на шведската и данската пошта. Инаку, поштенските услуги во Шведска ќе продолжат, се вели во соопштението на властите.

Малкумината Данци што сè уште милуваат да испраќаат писма, тоа ќе можат да го чинат преку компанијата „Дао“, којашто го презема овој вид достава од 1 јануари. Данските прописи наложуваат организирање на доставата на писма, што значи дека ако и „Дао“ одлучи да престане со работа, Владата би била обврзана да назначи друга компанија да ја врши оваа дејност. Инаку, Законот за дигитален идентитет се користи за сè – од интернет-банкарство до лекарски прегледи, па повеќето официјални комуникации се одвиваат преку дигитална – наместо обична пошта. Само пет отсто од Данците одлучиле да се откажат од дигиталната пошта.

Според неодамнешно истражување на јавното мислење, бројот на млади Данци кои го чуваат стариот обичај на пишување писма се зголемува, а оние на возраст меѓу 18 и 34 години пишуваат писма два до три пати почесто од другите возрасни групи.

Можете да прочитате

Џејми Ли Кертис: Направив пластична операција на 25 години и се каам

Со даска за пеглање спакувајте подарок како професионалец

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели