Утрински Весник
Спорт

Данска го совлада Исланд за финале против Германија

20260130223948 big 730x400 77.webp.webp

Данската ракометна репрезентација се пласираше во финалето на Европското првенство со победа над Исланд од 31:28 и в недела за титулата ќе игра против Германија.

Исланд пружи силен отпор на фаворизираната данска репрезентација и имаше водство од три голови (6-3) на почетокот од натпреварот. Данците успеаја да се вратат на средина од првото полувреме и да го израмнат резултатот (8-8). Сепак, не создадоа позначајна предност и по првото полувреме водеа со минимални 14-13.

Резултатската рамнотежа траеше до 47 минута, кога Данците прв пат имаа предност од три голови (23-20). Данска го скрши исландскиот отпор во 51 минута, кога Симон Питлик постигна гол за 26-23, потоа Мелер одбрани „цицер“ од Рикхардсон, а Ландин во следниот напад им донесе на Данците прв пат водство од четири голови (27-23).

Матијас Гидсел ги предводеше Данците до победа со седум голови, додека најдобар исландски стрелец беше Јанус Смарасон со осум голови.

В недела, Данците ќе играат во своето петто европско финале во обид да го освојат својот трет златен медал. Актуелните олимписки и светски шампиони ги освоија европските титули во 2008 и 2012 година. За Германија ова ќе биде четврто европско финале и можност трет пат да ја освојат титулата по 2004 и 2016 година.

Во увертира на финалето, Хрватска и Исланд ќе играат за бронзата .

Можете да прочитате

ЕХФ, по бројните критики, го менува распоредот на натпревари

МФМ ги прогласи најдобрите за 2025 година

Попева и Рустемовски најуспешни македонски спортисти за 2025 година