Утрински Весник
Скопје

Данилоски: Општина Аеродром го скрати спонзорството за МЗТ од 24 на 12 милиони денари

Image 2025 02 13 100505924.png

Општина Аеродром е во толку лоша финансиска кондиција што почна да штеди дури и на спонзорството за кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје.

Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ преку Советот на Општина Аеродром ја преполовија сумата која се доделуваше како спонзорство на најголемата аеродромска гордост МЗТ.


Само 12 милиони денари Општина Аеродром одвои за спонзорство на МЗТ за 2025 година. Само за потсетување во 2021 и 2022 година овој износ беше 24 милиони денари што е двојно повеќе во однос на износот кој Митески го предвиде за оваа година.

Митески, Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ пред само 4 години ветуваа враќање на МЗТ во АБА 1 лигата. Наместо тоа МЗТ испадна и од АБА 2 лигата.

За тоа време финансиските извештаи за работењето на МЗТ се најстрого чувана тајна во Општина Аеродром.

Јавно го прашуваме градоначалникот Дејан Митески, дали е точно дека МЗТ должи на играчите? Дали и колку должи по основ тужби заради неисплатени плаќања кон играчи?

Дали е точно дека тоа е една од причините за блокадата на сметката на клубот во текот на минатата година?

Прашуваме зошто не се објавени јавно финансиските извештаи за работењето на МЗТ? Зошто истите не се разгледуваат на седниците на Советот на Општина Аеродром?

Митески и ВМРО-ДПМНЕ должат многу одговори.

Нема да дозволиме МЗТ да се претвори во пералница на пари и инструмент за богатење на поединци.

На МЗТ му е потребна помош и искрена поддршка, а не лажни предизборни ветувања.

МЗТ денес е понижен, а неговите искерни поддржувачи се прелажани. Памтиме времиња кога играчите вадеа срце на терен, а од навивањето на Фемили Аеродром се тресеше цел Балкан. 

На МЗТ му е потребно обединување од страна на сите политички, партиски и непартиски субјекти. Само со искрена поддршка ќе го вратиме МЗТ на победничките патеки.

Можете да прочитате

Општина Гази Баба поднесе 12 нови проекти до Министерството за локална самоуправа

Герасимовски: Сите општини имаат ист проблем, но само ние преземаме конкретни чекори

Нова опрема во детската градинка  „Гоце Делчев“ во општина Илинден