Утрински Весник
Магазин

Даниел Крег ултраелегантен во сино на премиера во Мадрид

Даниел Крег ултраелегантен во сино на премиера во Мадрид

Даниел Крег ги воодушеви присутните со својата беспрекорна фигура на премиерата на „Нож во грб 2 “ во Шпанија.

dobivaj vesti na viber

Продолжението на хитот „Нож во грб“, со оригинален наслов Glass Onion: A Knives Out Mystery, дебитира во киносалата „Калао“ во Мадид во средата.

Актерот (54), кој долго време го глумеше Џејмс Бонд, импресионира во светлосино сако, што го комбинира со морнарско сини панталони.

Таблоидите и модните списанија го пофалија неговиот „смарт“ изглед на црвениот тепих и обратија внимание на бисерно белата кошула и елегантната вратоврска со игла.

Ѕвездата го комплетира својот изглед за вечерта криејќи се зад кафеаво-златните очила додека фотографите и камерите го снимаа од сите агли.

Подоцна му се придружија неговите колеги од филмот – Кејт Хадсон, Џенел Монае и Едвард Нортон – за групна фотографија.

Можете да прочитате

Европски град е прогласен за најскап за живот во светот во 2024 година

Променливо расположение за рибите, неповолен ден за неколку знаци од хороскопот: Дневен хороскоп (02.10.2024)

Македонско девојче ечеше од соблекувалната на Њукасл (ВИДЕО)