Утрински Весник
Скопје

Данела им се налути на скопјани – не коси и не прска против комарци

Danela Arsovska.webp.webp
Dik 300x250 mk

Обраснати тревници и роеви на комарци е секојдневна слика за граѓаните на Скопје веќе неколку недели.

Откако техничкиот премиер Талат Џафери и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се испокараа кој треба да ги одржува тревниците во Влада, во дворот на најважната државна институција се појави и се уште постои мала „џунгла“.

Но не е само дворот на Владата, низ речиси секоја скопска населба има висока неискосена трева, а не се коси ниту на делови од кејот на реката Вардар.

Друг проблем се и комарците кои овој период интензивно се размножуваат.

Иако првото прскање против комарци требаше да се случи пред еден месец, тоа се уште се нема случено а од Град Скопје се правдаат дека се е пролонгирано поради жалба на еден од пријавените на тендерот.

Арсовска до пред една недела активно учествуваше во изборниот процес, но во цело Скопје освои нешто помалку од 2.500 гласови, па на социјалните мрежи граѓани коментираат дека таа им се има налутено поради резултатот.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Скопје нема време за експерименти – му треба работа, не учење!

(Видео) Јакимовски: Поставив стража да не дојде Соте да се слика и со мене па да каже дека и од мене има поддршка

СДСМ: Не даваме никаква поддршка за Сотир Лукровски!