Утрински Весник
Македонија

Данела Арсовска до Мухамед Елмази: Читање до 4 одделение се учи, ако не си разбрал првиот пат кога ти пишав, за жал нема да разбереш никогаш!

Fb img 1749147130611.jpg

Актуелната градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска повторно преку социјалните мрежи се огласи со нов статус до Мухамед Елмази на кој му посочи дека барањето да постапува во Сарај е исто како да бара да оди во Битола или Тетово каде за жал нема надлежност за дивоградби.

“Мухамед Елмази бидејќи се закануваш, ајде за тебе ДУИ побегуљо ќе појаснам уште еднаш. За тоа што бараш да постапувам во Сарај, е исто како да бараш да одам во Битола или Тетово, немаме таму за жал надлежност за дивоградби.


Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи, ако не си разбрал првиот пат кога ти пишав, за жал нема да разбереш никогаш!

Град Скопје нема надлежност над Сарај за дивоградби затоа што законот е за градби до 2011, а Сарај влегува во Генерален урбанистички план во 2012 година.

На седницата на Совет на Град Скопје барав дискусија за отварање на незаконски дивоградби за СИТЕ скопски општини, ама твоите другарчиња побегнаа страв им е И ЗА САРАЈ И ЗА ЧАИР да се дискутира.

Во Чаир ТИ живееш во незаконска дивоградба стан ГРАТИС, слушам си плачел по дома дека си фатен, а ЕДЕН ОД ЕКИПАТА ОД ОПШТИНА ВЕЌЕ ВИ ИЗБЕГАЛ ВО КОСОВО.

Ти си дел од оние што од ДУИ за директорско место во државното НОМАГАС пребега во ВЛЕН, а сега откако сте фатени во криминал слушам цело друштво ќе станете комити и ќе преминете во ВМРО.

Ќе ставите со Ганиу, Меџити и Адеми црвени беретки и ќе тргнете накај Мечкин Камен, само да се спасите од криминалот.

ЗБОРУВАМ СО ФАКТИ, ИМАМ ДОКАЗИ ЗА СЀ И НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ! Така пренеси им на другарчињата”.

Можете да прочитате

Николоски: Судството и обвинителството целосно потфрлаат

National Geographic ја издвојува Македонија како најдобра дестинација за гастрономија на Балканот

Невреме со град и силен дожд го зафати попладнево Дојран