Утрински Весник
Магазин

Дали знете дека во спалната соба треба да чувате лимон? А еве и зошто е добро

Limoni.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лимонот е омилено овошје на многумина, а по него често се посегнува кога владеат настинките. Многу луѓе го додаваат во чај или вода, го служат со риба или некоја друга храна, но моментално е популарен еден необичен начин на користење – во спалната соба.

Исечете лимон и ставете го на чинија покрај креветот. Ако сакате да го засилите мирисот, можете да посипете малку сол над парчињата. Бидејќи мирисот на лимонот е многу пријатен, ќе ви помогне да заспиете и ќе ви биде пријатно да дишете свежина во текот на ноќта.

Ако навечер носот ви е затнат, лимонот може да ви помогне. Ќе ви ги отвори дишните патишта и на тој начин ќе ги ублажи проблемите кои се јавуваат пред да заспиете.

Ова овошје исто така ќе ви помогне да го ослободите стресот и да го подобрите вашето расположение. Ќе имате мирен, непречен сон.

Исто така, мирисот на лимон ќе ги одврати инсектите од собата, па досадните комарци или бубачки нема да ви го расипат одморот. Пробајте го овој трик вечерва и уверете се во моќта на мирисот на лимонот. Ќе се разбудите одморени и освежени.

Можете да прочитате

Три чаеви кои ќе им помогнат на вашите бели дробови во времињата кога воздухот е загаден

Детето не треба да биде „малиот терапевт“ за родителот

Салеп – топол напиток – 24info.mk