Утрински Весник
Економија

Дали утре нѐ чека ново поскапување на горивата?

Benzin Gorivo 960x639 1.jpg

Утре освен што почнува новата работна недела, редовна седница ќе одржи и Регулаторната комисија за енергетика на која ќе се утврди новата максимална цена на горивата.

На почетокот на оваа недела се случи шок за граѓаните и стопанствениците откако со одлука на РКЕ цената на дизелот се зголеми за 14,5 денари ( или 20%) и до денеес се продава по 85,5 денари за литар.


Оттаму, граѓаните со неизвесност ја чекаат новата одлука за цените на горивата, во страв тие дополнително да не се зголемат.

Што да очекуваме?

Во петокот берзите затворија со цена за барел нафта од над 100 долари.

Толку изнесуваше и во понеделникот утрото, пред РКЕ да ги зголеми цените, а веќе вечерта барел нафта да се спушти на цена под 90 долари.

Но сепак засилените воени дејствија во Заливот, затворениот Ормутски теснец, ја донесоа суровата нафта Брент на цена од 103,14 долари за барел во петокот попладне.

Имајќи предвид дека во изминатите 24 часа беа погодени неколку танкери и центри за нафта во Персискиот залив, а се чини дека „ослободената“ руска нафта од танкери не е доволна да се се задоволи побарувачката, за очекување е цената на нафтата да продолжи да расте по отворање на берзите (доца навечер по македонско време)

Покрај растот на цената на нафтата, на македонските потрошувачи не им оди во прилог ниту курсот на долароте, кој втора недела по ред расте во однос на еврото и другите валути.

Ако барел нафта остане на ниво од над 100 долари, а истовремено доларот го држи овој сооднос со другите валути, тогаш од вторник на полноќ речиси сигурно ќе имаме ново поскапување на горивата.

Единствено непознато е дали таквото поскапување ќе биде мало (од два до три денари) или ново силно зголемување од над пет денари за литар дизел и бензини

Можете да прочитате

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата се неразделни

СДСМ: Цела недела Владата не презема мерки за цените на горивата

Цената на нафтата порасна 103 долари по барел