Утрински Весник
Македонија

Дали со Британија е договорено прифаќање на мигранти и мигрантски кампови во Македонија, прашува СДСМ

Bodganka sdsm.jpg
Dik 300x250 mk

Интегрален текст од прес-конференција на Богаднка Кузесска, портпаролка на СДСМ:

Почитувани медиуми,


Македонската влада, која неколку дена престојуваше во Велика Британија, избегнува да даде одговори на клучните прашања кои го потресуваат регионот, а тоа е дали и што е договорено во однос на прифаќањето на мигранти и отворањето на мигрантски кампови во Македонија.

Според информациите кои ги имаме од Британија, но и оние кои јавно ги објавија реномираните британски медиуми, фокусот на средбите на британската влада било токму ова прашање, но од нашата влада нема ниедна точна информација. Ова е јасен знак дека повторно на оваа тема нешто се крие. Мицкоски одбил да разговара на оваа тема со реномираниот медиум „Тајмс” и вчера дал само штур одговор за македонската национална телевизија.

Според информациите од Лондон, Велика Британија нуди стратешки инвестиции за земјите од регионот, но тоа доаѓа со разговори и понуди за отворање на кампови за мигранти. Бидејќи нашата влада веќе речиси цела година договара ваков тип на заеми и инвестиции, најави кредит од 7 милијарди евра од Британија, Мицкоски веќе не може да се крие и мора јасно да одговори:

Што точно се разговара на темата мигранти и кампови за мигранти?

Дали е точно дека со договорот за заем има и друг договор за мигрантите кој владата не го соопштува?

Зошто Мицкоски, кој единствено нешто што прави е ПР, одбил важно интервју за „Тајмс”? Ова го потврди самиот медиум. Зошто, ако нема што да крие, тој избегал?

Дали се чека да поминат изборите па да се соопшти оваа вест?

За потсетување, Мицкоски досега тврдеше дека нема никаков договор за таква работа, но информациите говорат поинаку. Граѓаните имаат право да знаат што точно се разговара. Ова не е прашање за кое Мицкоски може сам да носи одлуки без да ја информира јавноста.

Можете да прочитате

Насилство во Аеродром: Партнер на вработена го нападнал нејзиниот колега во спортска обложувалница, заврши со оштетено возило и повреди

Граѓани кои протестирале во Ореовец против ископ на „Бехтел и Енка“, добиле казни од МВР

Две случаи за 24 часа: Пукал од „бмв“ на семејна веселба – 21-годишен тетовец се пофалил на социјални мрежи, па завршил во полициска станица