Утрински Весник
Македонија

Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош, а тој ја игнорирал

Bk sdsm.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

“Очајно ми треба помош” – напишала младата Росица пред насилникот да и го одземе животот.


Во јавноста се појавија пораки од Росица наводно испратени до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во кои таа зборува за нејзиниот страв и очајно бара помош.

“Сѐ надевам дека пишувам на право место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безизлезна ситуација. Човекот кој од декември наваму, ме демне, ме тепа, ми нанесува друг вид на насилство, силува, прогонува и последно пред 5 дена ми ја запали колата е сеуште на слобода”, пишува во пораката која наводно е испратена до министерот Тошковски.

Дали оваа порака Почитуван министре стигнала до вас пред 5 месеци ?

Ако стигнала, што сте направиле?

Прашуваме, бидејќи наводно во оваа порака на Росица е објаснета нејзината целосна голгота низ институциите, името на обвинителот, но и  тоа дека на човекот кој ја уби Росица и покрај сите терори кои ги трпела и ги пријавила уредно, стои дека пасошот му е вратен од страна на МВР.

“Вратен му е пасошот од МВР и во моментов слетува во Берлин” напишала Росица.

Прашуваме уште еднаш, дали е ова точно?

Ако е така, тогаш граѓаните со сигурност може да заклучат дека се оставени сами на себе кога се работи и за нивниот живот и дека залудно пријавуваат насилство, закани, демнеење.

Смртта на Росица е трагична. И ниту еден коментар од послушниците на власта не можат да ја намалат сериозноста на непостапувањето на институциите да го спасат животот на оваа млада жена. Ниту Миленко Неделковски, ниту било кој од власта, кој се обидува да ја префрла топката еден на друг.

Каде во оваа држава човек треба и може да се обрати доколку му се закануваат по живот? Доколку го тепаат, му палат автомобил?

Каде може да пријави една жена за да знае дека таа и најблиските ќе бидат сигурни?

Убиството на Росица не смее да биде заборавено.

Убиството на Росица бара одговори, бара oдговорност и бара будност и голема сериозност на институциите, а не префрлање на вина еден на друг.

Росица не молчела! Росица пријавувалa секогаш кога стравувала за својот живот, а нејзиниот живот и животот на нејзиниот татко згаснаа.

Каква порака е оваа за сите други жени кои собираат храброст да пријават дека трпат насилство, закани, демнеење, дека животот не им е спокоен? Која би била вистинската адреса за нив, ги прашуваме институциите. Или треба да молчат?

Можете да прочитате

Салиу: Солидарност на дело во Шуто Оризари – поддршка за најмладите

Ангелов – Арафат: Романија ќе ги сподели своите искуства од реформите на системот за управување со кризи

Мицкоски: Дел судии и обвинители не ја заслужуваат ниту оваа плата, ќе ги зголемиме платите во судско-обвинителската служба