Утрински Весник
Македонија

Дали поднесовте ДДВ 04 за изминатиот даночен период?

Ujp Zgrada 1 Bg Resize.jpg

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници за редовната даночна обврска – поднесување на даночни пријави за Данокот на додадена вредност за периодот 01.07.2024-31.07.2024 година. ДДВ – пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет.

Управата за јавни приходи очекува  7407 даночни обврзници да поднесат ДДВ-04 за изминатиот даночен период. (м.јули 2024)

Досега  ДДВ обврзниците од РД Тетово и ДГДО имаат предност пред другите региони во доставени ДДВ пријави, а РД Прилеп е со најнизок процент на доставени пријави. ( види линк)

Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата истекува на 25-ти август, ( недела), бидејќи недела е неработен ден, последниот ден за поднесување ќе биде 26-ти август 2024 година ( понеделник).

И овој пат Управата за јавни приходи им препорачува на даночните обврзници да не го чекаат последниот ден за поднесување на даночните пријави  туку да поднесат уште денес со цел да ги избегнат последиците од ненавремено поднесување и плаќање на даночните обврски.

Можете да прочитате

Женс со туѓа картичка од банкомати подигнала 200 илјади денари – заработи кривична пријава

Приведени три лица во скопско поради предизвикување пожар

Скопјани тргнале да предизвикаат пожар, фатени на дело