Утрински Весник
Македонија

Дали наскоро низ Скопје ќе се патува со редовна железничка линија?

Pruga Sini.webp.webp

Празните и израснати со трева железнички пруги низ Скопје, се поверојатно е дека ќе се стават во функција на граѓаните, со новиот проект за градски железнички превоз, кој го најавува министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

Идејата, според него е да се искористи постојната железничка инфраструктура во Скопје и околината за транзит и транспорт на граѓаните. За ова да се реализира, неопходно е да се направи физибилити студија која ќе покаже колкав проток на патници би го користеле овој железнички градски превоз, и кои се станиците кои треба да се обноват.

Поранешниот директор на Македонски железници Инфраструктура, Хари Локвенец ја поздравува оваа идеја, но смета дека треба да се направи детална анализа дали бројот на возила ќе ги задоволи потребите за реализација на градскиот железнички превоз.

-Граѓаните пак не веруваат дека оваа идеја ќе се реализира. Сметат дека нема доволно станици низ населените места,- Хари Локвенец.

-На овие шини одамна нема поминато воз, но според најавите на новиот министер за транспорт и врски тоа набргу ќе се промени. Со ставање во функција на градскиот железнички превоз, тука ќе поминува градскиот воз кој ќе ги поврзува Ѓорче Петров со Драчево.

За оваа идеја министерството не бара соработка со ниту една друга институција ниту со Градот.

Извор: Канал 5

Можете да прочитате

ВИДЕО: Со два хеликоптера на МВР изгаснат пожарот во крушевско

Филипче: Најсложената операција ќе биде реформа на менталитетот во СДСМ

Драма во Шуто Оризари: Цело семејство упаднало во домот на друго, па се испотепале