
Соопштение за јавност на СДСМ:
Информациите кои се доставени до СДСМ потврдуваат дека утре, 22.01.2026 година во Давос е планирана средба на премиерот Христијан Мицкоски со компанија која работи со програми за престој и државјанства, преку различни типови на инвестиции.
Средбата е планирана со почеток во 18.30 часот во Global Citizens House, во Даваос, а Владата се уште нема информирано.
Оваа средба, со компанија која работи со програми за престој и државајнства, доаѓа по одлуката за прием на 10.000 „економски работници”, промената на Законот за странци и договорот за кој известија британските медиуми.
Прашуваме, дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите?
Дали на Владата толку и требаат пари што и се брза преку посредници да ги осигура?

