Утрински Весник
Спорт

Дали голот на Роналдо требаше да биде поништен?

Дали голот на Роналдо требаше да биде поништен?

Манчестер јунајтед не успеа да го победи Њукасл. И покрај тоа што „црвените ѓаволи“ постигнаа два гола, натпреварот заврши 0:0. Два гола му беа поништени на Кристијано Роналдо.

dobivaj vesti na viber

Контроверзен е вториот гол кога ја зеде топката пред голманот на Њукасл, Ник Поуп, и ја погоди празната мрежа. Прашање е дали судијата даде знак да се изведе слободниот удар или не.

На снимката се слуша судиското свирче, а потоа дефанзивецот му ја враќа топката на голманот Поуп.

Топката беше кај Поуп, а Роналдо му ја зеде и постигна гол и веднаш покажа кон одбранбениот фудбалер на Њукасл.

Роналдо му кажа на судијата дека тој го дал знакот и дека топката е вратена назад, па така прекинот бил изведен, а играта продолжила. На крајот, Роналдо, поради протестите, доби жолт картон.

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко