Утрински Весник
Спорт

Дали е ова најздодевното Светско првенство?

Дали е ова најздодевното Светско првенство?

Светското првенство во Катар влезе во завршницата. Синоќа Аргентина предводена од одличниот Лионел Меси во полуфиналето ја совлада Хрватска со 3:0 и ќе игра во финале. Вечерва од 20 часот на програмата е второто полуфинале, а во него силите ќе ги одмерат Мароко и актуелниот светски првак Франција.

dobivaj vesti na viber

Како и да заврши првенството, ќе се памети по еден статистички параметар, а не е премногу популарен. На овој Мундијал се забележани најмногу натпревари без голови во историјата на сите светски првенства, дури осум.

Хрватска одигра дури три меча без голови на ова Светско првенство. Во споредба со СП 2018 во Русија, таму само еден натпревар заврши без голови, во групната фаза го одиграа Данска и Франција.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина