Утрински Весник
Спорт

Дали ќе имаме тим Хуго Бос во Ф1?

Дали ќе имаме тим Хуго Бос во Ф1?

Ред Бул, кој е сопственик на Алфа Таури, планира големи инвестиции во споменатиот Формула 1 тим, а постои можност генерален спонзор да биде познат моден бренд.

dobivaj vesti na viber

Во последните месеци австриската корпорација ги демантираше наводите за можна продажба на тимот, а дека имаат големи планови со Алфа Таури потврдува и одлуката да тимски шеф да биде Лоран Макис, кој пристигнува од Ферари.

Ред Бул, најави уште поголеми инвестиции со можна реорганизација на сите полиња, а специјализираните портали „RacingNews365.com“ и „Formula.Hu“, јавуваат дека Хуго Бос е во процес да стане главен спонзор на тимот.

Овој моден бренд е веќе присутен во Формуа 1 како спонзор на тимот на Астон Мартин.

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко изјави дека тимот од Фаенца сигурно ќе го смени името за следната година.

Шампионатот во Формула 1 продолжува на 27. август со Големата награда на Холандија.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила