Хрватска и Белгија утре ќе го одиграат решавачкиот натпревар за пласман во осминафиналето на СП во Катар. Хрватска и Мароко во оваа група имаат по четири бода, Белгија три, а Канада е без шанси за место меѓу најдобрите 16.
Победата е императив за Белгија. Селекцијата на Роберто Мартинез, само со победа може да може да оди пред Хрватска или Мароко на табелата. Хрватска и со бод ќе биде осминафиналист.
„Одлучувачкиот натпревар за пласман во наредната рунда го играме против вториот тим во светот, кој беше прв на ФИФА листата пред четири години. Да можевме да бираме, не би сакале овој натпревар да решава. Очекуваме тежок натпревар, нема да се опуштиме со тоа што тие не играат добро.Овој натпревар е многу значаен и за Белгија. Подготвени сме, да се обидеме да го решиме натпреварот во наша полза. Нема да биде лесно. Не одиме на бод, кој би ни бил доволен да поминеме. Таквата игра не носи ништо добро. Мора да играме како против Канада. Ги подигнавме критериумите. Игравме добро против Канада“, изјави селекторот на Хрватска Златко Далиќ.
„Размислуваме за нивниот квалитет, за нивните доблести. Не можат да заборават да играат фудбал преку ноќ и да бидат лоши. Тоа е врвна репрезентација. Ако гледаме така, тие се број 2, а ние сме број 12. По овој натпревар нема да имаме можност за поправен.
Ќе биде поинаку отколку против Мароко и Канада, ќе биде потешко. Мароко и Канада играа добро, секоја ест за нив, но Белгија е потежок тест“, заклучи Далиќ.