Утрински Весник
Спорт

Далас на чекор од пласман во финалето на НБА плејофот

20240527082100 Big 730x400 17.webp.webp

Далас ноќеска ја победи Минесота со 116:107 во третиот натпревар од полуфиналната серија на НБА плејофот.

Најпродуктивни играчи на паркетот беа напаѓачот на Маверикс, Лука Дончиќ и неговиот соиграч Кајри Ирвинг, кои постигнаа по 33 поени.

Во поразениот тим најефикасен беше Ентони Едвадрс со 26 поени.

Резултатот во серијата прв до четири победи е 3:0 во корист на Далас. 

Четвртиот натпревар ќе се одигра на 29 мај.

Во финалето на Источната конференција, Бостон селтикс води исто така со 3:0 против Индијана пејсерс.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024