Утрински Весник
Спорт

Дакар: Втор триумф за Ал Атијах, Ван Беверен изненади кај мотоциклистите

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Минатогодишниот победник на релито „Дакар“, Насер Ал-Атијах (Тојота) ја забележа втората етапна победа, бидејќи беше најбрз на петтата етапа од натпреварувањето во Саудиска Арабија.

dobivaj vesti na viber

Како и во средата, така и денеска натпреварувачите возеа околу градот Хаила, а од 646 поминати километри, 375 километри беа во формат на специјални тестови.

Катарецот, кој забележа четири победи на „Дакар“, тестовите ги помина за 4 часа, 13 минути и 23 секунди, надминувајќи го Шпанецот Карлос Саинц во Ауди за една минута и 57 секунди.

Третата позиција му припадна на друг возач на „Ауди“, Французинот Стефан Петерхансел, кој заостана 3:44 минути зад победникот.

Победникот на вчерашната етапа Французинот Себастиен Леб (Продрив БРХ) загуби дополнителни 20 минути откако се преврте во една од дините.

Повеќекратниот рели шампипн на крајот заврши со деветто време со 19:58 минути заостанување зад Ал-Атијах.

Во генералниот пласман Ал-Атијах има 22:36 минути предност пред второпласираниот Петерхансел, додека Саудиецот Јазид Ал Раџи е на третото место со 27:01 минута заостанување. Возачот на Овердрајв денеска го имаше четвртото најбрзо време, но заостана осум минути и 43 секунди зад Ал-Атијах.

Релито Дакар утре продолжува со шестата етапа која ќе биде долга 876 километри и ќе се вози од Хаил до Ад Давидми. Од оваа делница организаторите подготвија 466 километри специјални тестови.

Изненадувањето на денот го приреди Адријан ван Беверен на Хонда, кој победи на петтата етапа во конкуренција на мотоцикли. За 32. годишниот ас тоа беше прва победа во кариерата на Дакар, а славеше со 13 секунди предност пред клупскиот колега Чилеанецот Хозе Игнасио Флорим. Американецот Мејсон Клајн на КТМ го освои третото место со нешто повеќе од 5 минути заостанување.

Лидерот во генералниот поредок, уште еден Американец, Скајлер Хаус, го зазеде шестото место, па моментално има само 44 секунди пред Аргентинецот Бенавидес, кој етапата ја заврши на седмото место. Третото во вкупниот пласман е Клајн со заостанување од 1:44 минути.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ