Утрински Весник
Балкан

Дачиќ: Разбиен меѓународен синџир на интернет измами поврзани со криптовалути

Dacich.jpg

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија – Ивица Дачиќ изјави дека во заедничка акција на Вишото јавно обвинителство, Специјалното одделение за борба против високотехнолошкиот криминал и Службата за борба против високотехнолошки криминал на Техничката управа, со истражните органи на Германија и Кипар, разбиен е меѓународен синџир на интернет измами преку т.н. центри за повици, кои повикуваат да се инвестира во криптовалути.

Дачиќ рече дека во акцијата бил пронајден илегален кол-центар во Белград, во кој биле пронајдени десетици вработени, кои се проверуваат дали учествувале во измамнички активности, соопшти МВР.

Според информациите во официјалното соопштение на Европол, досега се идентификувани околу 120 жртви, кои загубиле околу 12 милиони евра.

Сепак, натамошните проценки на германските истражители покажуваат дека има многу повеќе жртви ширум светот и дека измамата изнесува најмалку 300 милиони евра.

Како резултат на оваа истрага, беа идентификувани голем број осомничени, меѓу кои и главниот сторител од Кипар, кој сега е уапсен.

„По операцијата, Сојузното обвинителство и полицијата на Германија изразија благодарност до Службата за борба против високотехнолошкиот криминал и до регионалните полициски управи на Полициската управа, како и до Специјалното одделение на Обвинителството за борба против високотехнолошкиот криминал, за нивно учество во споменатата акција бидејќи при претресот за водење на кривична постапка и понатамошна обработка на осомничените од страна на германските истражни органи пронајдени се материјални докази“, изјави министерот Дачиќ, пренесува Танјуг.

Можете да прочитате

Српската актерка Слобода претепана – пренесена во Ургентен центар во Белград

Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода

Масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил