Утрински Весник
Балкан

Дачиќ: Ова е терористички напад

20240629135126 Big 730x400 51.webp.webp

Министерот за полиција Ивица Дачиќ оцени дека нападот врз припадник на Жандармеријата со самострел пред изреалската амбасада во Белград е терористички акт, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој кажа дека се сомнева дека зад напаѓачот стои вахабистичко движење и дека превентивно се уапсени уште неколку лица во близина на полициските објекти.

Како што објави РТС, напаѓачот повеќе пати се приближувал до полициската куќа за обезбедување за да праша нешто, а потоа ја отворил вратата и го застрелал во вратот припадникот на Жандармеријата.

Жандармот отворил оган во самоодбрана и го застрелал напаѓачот кој им подлегнал на раните.

Директорот на Клиниката за ургентна хирургија КЦС проф. Д-р Павле Грегориќ за РТС изјави дека операцијата на ранетиот припадник на Жандармеријата е во тек, за отстранување на стрелата од вратот.

Ненад Стефановиќ, главен јавен обвинител на белградското Јавно обвинителство, изјави дека дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград наредил обдукција на напаѓачот и сите други неопходни дејствија со цел да се расветлат сите околности на денешниот напад врз припадникот на Жандармеријата М.Ј. (34), кој бил на должност како обезбедување на израелската амбасада во Белград.

Можете да прочитате

Силно невреме ја зафати Словенија

Се породила дома, па го убила новороденчето: Морничав случај ја потресе Хрватска

Пожари беснеат кај Атина, изгорени куќи, луѓето бегаат