Утрински Весник
Македонија

Да се одработат часовите во училиштата што беа изгубени поради дојавите за бомби, порача Министерството за образование

Да се одработат часовите во училиштата што беа изгубени поради дојавите за бомби, порача Министерството за образование

Наставата во средните училишта во Скопје каде во изминатите денови имаше повремени прекини, мора да продолжи, а училишните раководства кои се најодговорни за квалитетен и безбеден воспитно – образовен процес, согласно позитивните правни прописи, имаат должност да изнајдат начин и до крајот на првото полугодие да ги надоместат пропуштени часови, порача Министерството за образование.

dobivaj vesti na viber

„Местото на учениците е во училишните клупи и секој прекин на наставата го попречува нивниот правилен развој. Затоа МОН во координација со МВР, локалните самоуправи, раководствата на училиштата и низа партнерски домашни и меѓународни организации континуирано работат на нивна заштита преку подигнување на безбедноста во училишните објекти“, велат од МОН.

Оттука ги осудуваат обидите за наштетување на воспитно – образовниот процес на учениците. Создавањето страв и паника кај младите и одвлекување на вниманието од секојдневни училишни обврски, подразбира и наштетување на иднината на државата. Се надеваме дека оние кои во повеќе наврати ја попречуваа работата на неколку училишта во Скопје час поскоро ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани, велат од МОН.

Можете да прочитате

Лидерска средба: Постигната согласност за укинување на техничката влада за следните или за изборите потоа

Грипот зема замав во Македонија – Почината пациентка и двајца на апарати за дишење

Ахмети: Се согласуваме со една изборна единица, со праг од 5% и отворени листи, а за укинување на техничката влада треба да се консултираат ЕУ и САД