Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ДА СЕ НАПРАВИ РАЛИКА ОД ЛОКАЛНО НАСПОРТИ ГЛОБАЛНО ГЛАСАЊЕ

Ivan anastasovski 960x595 1.jpg
300x250 opst2

Колумна на Иван Анастасовски

Во што се состои разликата во тоа да се гласа на локално ниво (уредување на локалниот живот) и да се гласа на државно или глобално ниво (државни – национални политики), таа е во обемот, целите и влијанието кое го има самиот изборен процес. Незнам како им доаѓа на памет пред се на партиските лидери да наметнуваат државни тема кога станува збор за локални избори, дали така е полесно да ги мобилизираат партиските активисти и партиските поддржувачи кои им се моторна сила на секои избори без оглед за кое ниво на избори се работи. Многу е јасно дека, учеството во избори што се одржуваат во општините и градот се насочени кон избор за градоначалник (локален кмет), и општински советници (носители на локалните одлуки, контрола на градоначалникот), и тие пред се ги тангираат локалните иницијативи односно се насочени кон локалните прашања како што се локалната инфраструктура, локалните даноци, одржливост на основните и дел средните училишта, подобрување на јавниот транспорт, одржување на хигиена во градот/општината – комунална хигиена итн. Многу е јасно дека ние гласачите избираме претставници кои управуваат со локалната самоуправа, а тука нормално политичките партии не ги прашуваат глаќаните (освен по некоја анкета за можни кандидати за градоначалници) каков профил на луѓе ние би сакале да не претставуваат во општинските совети који имаат директно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните во конкретна општина или градот, и при тоа тие исти политички партии ни сервираат нешто што на нив им одговара како политичка одлука но не и на граѓаните кои треба да имаат сигурност при тоа на кога го даваат својот глас за потенцијален советник а да не говорам за градоначалник. Факт е тоа дека актуелните градоначалници се тие кои ја бранат својата позиција на база на нешто што го имаат или немаат сработено во предходните мандати или предходниот мандат и на основа на тоа избирачите можат да расудуваат за тоа дали му биле или не биле добри локалните одлуки на градоначалникот (а не на база на тоа дали партијата инситира и убедува). За разлика до нив опонентите кои атакуваат на градската или општиниската фотеља во најголем процент се нови личности (има понекои кои се проверени да друго ниво за начинот на кој работат и финкционираат), на кои избирачите треба да им го доверат својот глас, и во таков случај нашиот гласач ретко кога расудува логично и прагматчно за да го мери поединецот кој е претендент за таа позиција, туку повеќе сака да ја следи партиската директива, затоа што давање глас на друг кандидат надвор од партискиот ринг за просечниот избирач претставува ризик од аспект на тоа дали ќе може да му заврши некоја работа а не дали ќе може да ја уреди и одржува општината или градот на сосдветно ниво, апа затоа овде дека главен жирант и гарант се сето тоа е партијата наспроти кандидатот.
Од друга страна, во најчеста смисла, терминот глобално гласање сам по себе не означува дека сите ние луѓето насекаде низ светот гласаме заедно, туку се однесува на давање на глас за учество во националните и меѓународните одлуки кои имаат пошироко значење за нашата држава. И затоа тука во овој контекст ние гласаме на државни (глобални) избори кои значат избор за парламент односно нашиот пратеник, или избор на претседател на држава кои се избираат на директни непосредни избори, и нормално преку избор на парламентот се формира и избира владата која ги одредува државните и глобалните политики и патото по кој ќе се движи нашата држава во одреден мандатен период. Па затоа таму мобилизацијата на гласачкиот потенцијал е многу посилна кога се работи за парламентрни избори и избор на нова влада, во кои избори нашиот избирач очекува да му се решат одредени егзистенцијални наспроти државни проблеми. Оваа гласње не е изразено на претседателски избори кои исто така се глобално ниво но тука нашиот гласач веќе има распознаено дека претседалот на дражавата не може да решава лични и поеднични проблеми и затоа интересот за овие избори е слаб кај гласачите. Разликата во одлучувањето за прашањата од национално или глобално значење се во делот на надворешната политика, економска ситуација во државата, социјалниот сегмент, безбедноста на државата и реформскиот курс на една држава која зависи од политики на владата, и токму од тие причини гласачите избираат претставници на државно ниво, каде влијанието е многу пошироко, и доаѓа до тоа да понекогаш глобалното ниво има помалку директно влијание во секојдневниот живот на гараѓаните.
Како за крај сакам да ве поздравам од мојата балканска професионална турнеја на неколку главни градови кои пред се за наши балкански прилики се прилично средени и одржувани со одредно ниво на култура која го манифестираат самите граѓани. Би сакал нашиот главен град да е приближно чист и одржуван како на пример Подгорица и Загреб. Затоа е добро нашиот гласач да се насочи кон локалните потреби и на тој начин нека си го одбере својот фаворт за градоначалник па и својот фаворит за советник-советници кои во наредните четири години ќе одлучуваат за нашиот локален живот. Затоа на сите 309 кандидати за градоначалници и на 10.490 кандидати за советници во општините на нашата држава нека им се среќно и веројано ќе знаат да ја оправдат довербата од избирачите.


Можете да прочитате

Претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори

Студентка била снимана додека се туширала во студентски дом, полицијата го уапсила манијакот

„ХУМОРОТ Е КИСЕЛ, БАЛКАНСКАТА РЕАЛНОСТ НЕПРОМЕНЕТА” – „НАРОДЕН ПРАТЕНИК” НА МНТ СО ОВАЦИИ ВО БРЧКО