Утрински Весник
Економија

„Да се фатиме за работа, доста беше зборување“ – Ковачевски со зелено знаме го означи почетокот на работата на коридорoт

„Да се фатиме за работа, доста беше зборување“ – Ковачевски со зелено знаме го означи почетокот на работата на коридорoт

Со веење на зелено знаме, премиерот Димитар Ковачевски денес го означи почетокот на изградбата на Коридорот 10 во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да им порачам и на Министерството за транспорт и врски и на Јавното претпријатие за државни патишта и на „Бехтел и на Енка“, другари и другарки, дами и господа – да се фатиме за работа, доста беше зборување.“, рече Ковачевски во говорот.

Во обраќањето за почетокот на реализацијата на автопатската делница Прилеп-Битола, како дел од активностите за изградба на Коридорот 10-д, Ковачевски рече дека изградбата е траен влог и наследство за идните генерации.

Изведбата на делницата Прилеп-Битола, како дел од Коридорот 10-д е во должина од 40 километри, заедно со автопатските делници од Коридорот 8, претставуваат најголема капитална инвестиција во нашата земја.

Според Ковачевски, станува збор за инвестиција, со чијашто реализација нашата држава конечно од кружен тек на Балканот станува вистинска крстосница на Балканот. Инвестиција, со којашто Северна Македонија ќе биде позиционирана на економската и инфраструктурната карта на Европа, рече премиерот на отворањето.

Посака успешна работа и изведба и на овој Коридор 10-д.

 

Можете да прочитате

Речиси целосно искористени средствата од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, премиерот задоволен од инвестицискиот раст

Митреска: Монетарната политика на Народната банка ја поддржува ценовната стабилност во економијата

Во ноември лани 304 одобренија за градење, во Скопскиот Регион 427 стана