Вечерва со натпреварите во групите А, Б, Ц и Д ќе биде комплетирано четвртото коло во Лигата на шампионите. Дербито се игра на „Ноу Камп“ во Барселона, кеде ќе гостува италијанскиот вице-првак Интер.
Дербито во Ц-групата е најважниот меч за Барселона и Интер од почетокот на сезоната, бидејќи Баерн доминира во оваа група и се очекува вечерва да слави во Плзен, против Викторија, со што ќе го завери местото во нокаут фазата.
Каталонскиот гигант е желен да им се реваншира на „нероаѕурите“, за поразот од минатиот вторник.
Во Барселона збеснаа поради арбитражата на „Џузепе Меаца“, па за поразот го обвинија словенечкиот судија Славко Винчиќ.
Доколку Интер остане непоразен во Каталонија, ќе направи голем чекор кон пласман во осмина-финалето.
Група Ц, табела:
Баерн 9, Интер 6, Барселона 3, Викторија 0
Слично како Баерн и Наполи со евентуална победа над Ајакс ќе се пласира во осмина-финалето. Минатата недела, Наполитанците го декласираа Ајакс среде Амстердам со 6:1 и според тоа се апсолутни фаворити вечерва.
Ливерпул ќе гостува во Глазгов, по триумфот во првиот меч од 2:0. Ренџерс, во првите три кола имаат гол разлика 0:9.
Група А, табела:
Наполи 9, Ливерпул 6, Ајакс 3, Ренџерс 0
Фаворитот во Б-групата, Атлетико Мадрид има императив на победа против изненадувањето Клуб Бриж. Белгијците имаат три победи и речиси се сигурни учесници во нокау-фазата. Атлетико по стратната победа над Порто доживеа два порази на гостувањата во Леверкузен и Бриж.
Атлетико ја дели втората позиција со Порто и Баер Леверкузен со по три бода.
Навивачите на „јорганџиите“, немаат многу причини за оптимизам по поразот од 0:2 во Бриж минатата недела и тесната победа над Џирона (2:1) во Ла Лига минатиот викенд.
Вториот натпревар од групата ќе се игра во Леверкузен каде „фармацевтите“ ќе бараат реванши за поразот од 0:2 во Порто. На клупата на „фармацевтите“ во Лигата на шампионите ќе дебитира Чаби Алонсо.
Група Б, табела:
Бриж 9, Баер 3, Порто 3, Атлетико 3
Драметично е во Д-групата каде сите четири екипи се во игра за пласман во нокаут-фазата. Во најдобра позиција е Спортинг кој го пречекува последнопласираниот Олимпик Марсеј.
Марсеј ги уништи „лавовите“ на својот Велодром со 4:1, па тешко може да се каже дека Португалците се фаворити само затоа што играат на свој терен.
Во вториот натпревар од групата Тотенхем го пречекува германски Ајнтрахт со кого пред осум дена ремизираше во Франкфурт.
И овде тешко е да се предвиди исходот со оглед на променливата форма на двата тима.
По серијата од три победи, Ајнтрахт е без триумф на последните два меча, а минатиот викенд беше убедливо поразен во Бохум со 3:0.
Од друга страна, Тотенхем славеше во Брајтон со неубедливи 1:0, што беше само втора победа во последните пет натпревари за тимот на Антонио Конте.
Група Д, табела:
Спортинг 6, Тотенхем 4, Ајнтрахт 4, Марсеј 3.
Вечерта во Лигата на шампионите ќе ја отворат од 18.45 часот дуелите Наполи-Ајакс и Атлетико-Бриж.